28. 10. 2015.

Повторуваме за ХАРДВЕР и СОФТВЕР - прашања + чек листа




1. Компјутерски систем е целина од _____________________ и ________________________.
2. Софтвер се:
a. ЦД то и ДВД то
б. Деловите на компјутерот
в. компјутерските програми
3. Централен уред кај компјутерот е :
А. Мониторот     б. Тастатурата       в. Кукиштето
4. Централен уред во кукиштето е :
а. Напојувањето         б. Графичката картица                      в. Матичната плоча
 Централен дел на матичната плоча е ___________________.
5. Наброј три уреди кај компјутерот преку кои се внесуваат податоци: ______________________________________
______________________________________________________
6. На кои два начина може да се поврзуваат периферните уреди со кукиштето?
____________________________ и ___________________________
7. Каков уред е печатарот, влезен или излезен?___________________________________.
8. Наброј ги најважните три дела кои се поставени на матичната плоча:
1. ________________________   2. _____________________
3. ______________________
9. Што работи процесорот?
А. Извршува програми и обработува податоци
Б. Чува податоци и програми   В. Прикажува податоци и програми
10. Податоците со кои во моментот работиме на компјутерот се чуваат во:
А. Хард дискот           Б. РАМ меморијата
В. Мониторот                  Г. тастатурата
11. Хард дискот поставен во кукиштето е:
а. мемориски уред од кој може САМО да се читаат податоци
б.  мемориски уред за трајно чување на податоци и програми
в. Мемориски уред за привремено чување на податоци и програми
12. При исклучување на компјутерот од струја кој од мемориските уреди во компјутерот
се брише:  __________________________________
не се брише: _________________________________
13. Наброј три мемориски уреди за пренос на податоци и програми! _________________________________
14. Податоците со кои работи процесорот може директно да ги земе само од:
А. Тастатурата
Б. РАМ меморијата
В. напојувањето
Г. микрофонот
15. Дополни:
1B =_____b     1 GB=1024 ____   1b=_____ или _____
Заокружи што е точно: 1042 KB e помало  поголемо  еднакво на 1 MB
16. Што претставуваат компјутерски програми за компјутерот?
______________________________________________________________________________________
17. Луѓето што пишуваат компјутерски програми се викаат __________________ а програмите ги пишуваат на некој __________________јазик.
18. Наброј 3 кориснички – апликативни програми:
______________________________________________________________________________________
19. Програмата која мора да се стартува (уклучи) прва за да може корисникот да работи на компјутерот е:
А. Неговата омилена компјутерска игра
Б. Оперативниот систем (на пр. Windows)
В. Програмата за разковор Скајп
20. Што се тоа пиратски програми?
а.  Програми кои се бесплатни
б. Програми кои се продаваат (користат) без дозвола од авторот
в. Програми кои се купуваат од авторот преку Интернет
21. Првата компјутерска игра во светот била направена за:
а. Персонален компјутер    б. телевизор
в. Голем компјутер
22. Што мора да знае играчот за правилно да игра компјутерска игра?
a.     брзо да клика
b.     правилата и целта на играта
c.     да користи џојстик
23. Првите компјутерски игри за персонални компјутери биле:
а. Возење кола     б. Текстуални авантури
в. Со карти                  г. шах



26. 10. 2015.

Повторуваме за хардверки делови на компјутерот и "СКЛОПИВМЕ" КОМПЈУТЕР :)

Требаше да повторуваме за хардверските делови кај компјутерот и....
За да не ни биде досадно брзо се снајдовме со тоа што го имавме во училница- лист од стар календар, лепенки - потсетници, жолт лист самолеплива хартија, ножички, селотејп....
- Го залепивме листот од календар на табла ..околу него ги наредивме лепенките и почнавме...еден по еден или кој сака ..или па кој знае  :) 
Од делови "склопивме"компјутер
 Не дека не грешевме ама беше интересно и на крај УСПЕАВМЕ.. а грешките ке си ги памтиме и нема да ги повторуваме ..барем за некое време.

13. 10. 2015.

Хардверски делови во КУКИШТЕТО

Голема благодарност за помошта и поддршката при снимањето на видеото до моите ученици од осмо одделение: Петар, Михаил и Виктор. (Имавме маааалку трема....)