Компјутерска графика
1. Сликите нацртани или обработени со помош на компјутерска програма се викаат компјутерка графика.
2. Компјутерската графика може да биде:
- Битмапирана (сликата е мапа од обоени точки – пиксели)
- Векторска (сликата се состои од нацртани линии – вектори)
3. Карактеристики на компјутерската графика
- Битмапираните слики лесно се менуваат по изглед, а потешко им се менуваат димензиите – се заматуваат.
- Векторските слики тешко се менуваат по изглед, а лесно им се менуваат димензиите.
4. Графичка резолуција е карактеристика на компјутерска слика и претставува број на точки вертикално и хоризонтално кои се потребни за сликата да се прикаже на екран.
На пр. 360х250, 1024х768
Задача:
Препознај ги и подвлечи ги наставките на графичките фајлови!
doc, bmp, jpg, txt, mp3, gif
PAINT
1. Paint е компјутерска програма за изработка на битмапирана графика.
2. Означен дел од сликата се вика блок.
- Деловите од сликата се означуваат со алатките за селектирање. (Нацртај ги)
- Блокот може да биде со или без позадина. (Во кое квадратче од палетата е бојата на позадината?) – долното
3. Активности со блокови:
- Блоковите може да се бришат, преместуваат, отсекуваат, копираат и поставуваат и со нив може да се прават геометриски трансформации.
4. Геометриски трансформации со блокови се:
- хоризонтално превртување
- вертикално превртување
- хоризонтално скратување и расширување
- вертикално скратување и расширување
- хоризонтално искосување за позитивен или негативен агол.
- Вертикално искосување за позитивен или негативен агол
ПРАШАЊА
Задача:
- Што е компјутерска графика?
- Кажи ги видовите компјутерска графика!
- За кој вид компјутерска графика е програмата Paint?
- Со која наставка најчесто се фајловите нацртани и сочувани во Paint?
- Кои се карактеристиките на векторска и битмапирана графика?
- Наброј алатки од Paint за работа со слободна рака!
- Што е блок во програмата за цртање?
- На кои два начина може да означиме блок во цртеж?
- Со кои активности и копчиња се изведува брзо копирање на блокови во програмата?
- Во кое квадратче од палетата со бои ја гледаме бојата на позадината на цртежот?
- Кое е значењето на наредбите New, Open, Save, Save As од менито File на програмата?
- Кои активности со блокови може да се изведуваат во програмата?
- Кои геометриски трансформации на блок може да се изведуваат во програмата?
Препознај ги и напиши ги геометриските трансформации направени на првата куќа!
Напиши го значењето на наредбите од менито File на Paint:
- New____________________________, Open______________________________
- Save As__________________________, Save______________________________
- Print____________________________, Exit________________________________