6. 3. 2016.

Интернет сервис за пребарување веб страници


Кога корисникот ја знае адресата на веб страницата ја пишува во полето за адреси во веб прелистувачот.
Ако корисникот бара веб страници на Интернет кои содржат податоци кои му се потребни но не ја знае адресата на тие веб страници тогаш треба да го користи сервисот на Интернет за пребарување.

1. Пребарувачи на Интернет се компјутери - сервери кои им овозможуваат на корисниците да пронајдат адреси на веб страници кои содржат информации кои им се потребни во вид на текст, слика, видео, мапа и др.
2. Овие сервери се викаат машини за пребарување (search engines).
3. До нив се пристапува преку веб страници преку кои се пребарува.
Најпознати се:
Google со веб страница со адреса www.google.com
Yahoo со веб страница со адреса search.yahoo.com
4. Постојат два начини на пребарување:
-      по област
-      по клучен збор
5. Области се: здравје, наука, спорт, образование и др.
6. Клучен збор се еден или повеќе зборови кои го опишуваат она што се бара (пр. мало шарено маче).
7.  Со клучен збор може да се пребарува по текст, слика, видео клип и др.
8. Како резултат од пребарувањето се добива листа на веб адреси која содржи:
- Име на страницата
- Адреса на страницата
-првите 2-3 реченици од страницата
- Големина на страницата или сликата во бајти

5. 2. 2016.

WWW - World Wide Web сервис на Интернет

1.    WWW сервисот на Интернет им овозможува на корисниците поставување и разгледување на веб страници.
2. Веб страниците се поставени на компјутери поврзани на Интернет кои се викаат веб сервери.
3. Секоја веб страница поставена на некој веб сервер (со IP адреса) има своја единствена веб адреса или УРЛ.
4. За да може корисниците на Интернет да отвараат и разгледуваат веб страница поставена на некој сервер на својот компјутер треба да имаат програма веб прелистувач – веб броузер:

  • Internet Explorer, Firefox, Opera, Chrome, Safari
 За да може веб страницата да биде прикажана во веб броузерот, во полето за адреси треба да се внесе нејзината веб адреса.
6. Веб адресата се состои од делови меѓусебно одделени со точка, кои се викаат домени и кои имаат свое значење.
На пр.
http://www.myschool.edu.mk
  • mk е домен за кратенка за името на државата во која се наоѓа серверот на кој е веб страницата (it, bg, gr, co, ..)
  • edu е домен за тип на сајтот – образовен, бизнис, комерцијален, на некоја организација и сл. (gov, com, biz, net, org,..)
  • myschools е домен за име на сајтот (okaidi, terranova, gocedelcev,..)
  • www – домен за име на веб серверот на кој се чува веб страницата.
  • http е протокол (правило) според кој се разменуваат веб страници на Интернет
7. Веб страниците се обично дел од некој веб сајт.
8. Наставката на веб страниците е htm или html.
9. Веб сајт е група на веб страници кои се меѓусебно поврзани со линкови. Со кликање на линковите корисникот се движи низ веб страниците.
10. Линкови се означени текстови или слики од содржината на веб страницата кои во себе содржат адреси кои се активираат со лев клик.


2. 2. 2016.

ИНТЕРНЕТ


1.ИНТЕРНЕТ е најголемата WAN мрежа која ги поврзува меѓусебно компјутерите низ целиот свет.

2.Секој компјутер поврзан на Интернет има единствена IP адреса (слично на телефонсјки број во телефонската мрежа). На пр 192.168.0.10

3. Фирмите кои овозможуваат поврзување на компјутерите на Интернет се викаат  Интернет Сервис Проваjдери – ISP.
 (Telekom, Neotel, Telekabel, SunWireless, Blizoo )

4. Начини на Поврзување на Интернет:
- преку фиксна телефонија (пр.ADSL)
- преку мобилна телефонија (пр.3G,4G)
- преку кабел од кабелска телевизија
- преку оптички кабел
- преку сателитска антена
- безжично (пр.WiFi)

5.Услуги (сервиси) кои може да се користат на Интернет се:
-       Разгледување веб страници–WWW (World Wide Web)
-       Пребарување на веб страници (search ingine)
-       Разговор – Chat
-       Електронски писма – Email
-       Продавање и купување – E commerc
-       Плаќање сметкиE banking
-        
6. Компјутерите кои ги користат услугите на Интернет се викаат КЛИЕНТИ.
Компјутерите кои ги нудат сервисите на Интернет се викаат СЕРВЕРИ.

29. 1. 2016.

Компјутерски мрежи



КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ
1. Два или повеќе меѓусебно поврзани компјутери претставуваат компјутерска мрежа.
2. Компјутерите се поврзуваат во мрежа за да можат брзо и едноставно да разменуваат податоци и да користат заеднички програми.
3. Според меѓусебната оддалеченост КМ ги делиме на:
LAN – мала компјутерска мрежа
MAN – градска компјутерска мрежа
WAN – голема компјутерска мрежа
INTERNET – светска компјутерска мрежа
4. Уреди за поврзување на компјутерите во мрежа се:
- мрежна картичка (жична и безжична)
- рутер (жичен и безжичен)
- телефонски кабли
- сателитски антени
- оптички кабли
- подводни (трансокеански) кабли