Кликни учи ИНФОРМАТИКА
22. 11. 2016.
17. 5. 2016.
18. 4. 2016.
Компјутерска графика
Компјутерска графика
1. Сликите нацртани или обработени со помош на компјутерска програма се викаат компјутерка графика.
2. Компјутерската графика може да биде:
- Битмапирана (сликата е мапа од обоени точки – пиксели)
- Векторска (сликата се состои од нацртани линии – вектори)
3. Карактеристики на компјутерската графика
- Битмапираните слики лесно се менуваат по изглед, а потешко им се менуваат димензиите – се заматуваат.
- Векторските слики тешко се менуваат по изглед, а лесно им се менуваат димензиите.
4. Графичка резолуција е карактеристика на компјутерска слика и претставува број на точки вертикално и хоризонтално кои се потребни за сликата да се прикаже на екран.
На пр. 360х250, 1024х768
Задача:
Препознај ги и подвлечи ги наставките на графичките фајлови!
doc, bmp, jpg, txt, mp3, gif
PAINT
1. Paint е компјутерска програма за изработка на битмапирана графика.
2. Означен дел од сликата се вика блок.
- Деловите од сликата се означуваат со алатките за селектирање. (Нацртај ги)
- Блокот може да биде со или без позадина. (Во кое квадратче од палетата е бојата на позадината?) – долното
3. Активности со блокови:
- Блоковите може да се бришат, преместуваат, отсекуваат, копираат и поставуваат и со нив може да се прават геометриски трансформации.
4. Геометриски трансформации со блокови се:
- хоризонтално превртување
- вертикално превртување
- хоризонтално скратување и расширување
- вертикално скратување и расширување
- хоризонтално искосување за позитивен или негативен агол.
- Вертикално искосување за позитивен или негативен агол
ПРАШАЊА
Задача:
- Што е компјутерска графика?
- Кажи ги видовите компјутерска графика!
- За кој вид компјутерска графика е програмата Paint?
- Со која наставка најчесто се фајловите нацртани и сочувани во Paint?
- Кои се карактеристиките на векторска и битмапирана графика?
- Наброј алатки од Paint за работа со слободна рака!
- Што е блок во програмата за цртање?
- На кои два начина може да означиме блок во цртеж?
- Со кои активности и копчиња се изведува брзо копирање на блокови во програмата?
- Во кое квадратче од палетата со бои ја гледаме бојата на позадината на цртежот?
- Кое е значењето на наредбите New, Open, Save, Save As од менито File на програмата?
- Кои активности со блокови може да се изведуваат во програмата?
- Кои геометриски трансформации на блок може да се изведуваат во програмата?
Препознај ги и напиши ги геометриските трансформации направени на првата куќа!
Напиши го значењето на наредбите од менито File на Paint:
- New____________________________, Open______________________________
- Save As__________________________, Save______________________________
- Print____________________________, Exit________________________________
6. 3. 2016.
Безбедно, културно и етички на Интернет
Линк кон веб сајт за безбедно користење на Интернет:
http://bezbednonainternet.org.mk/content/view/188/63/lang,mk/
http://bezbednonainternet.org.mk/content/view/188/63/lang,mk/
Правила за безбедно однесување на Интернет:
1. Не оставај лични податоци
2. Не прифаќај непознати за пријатели
3. Не им верувај на непознатите со кои разговараш на Интернет, не се сите
луѓе на Интернет искрени и добронамерни
4. Не се сретнувај во “живо” со лица кои си ги запознал на Интернет
5. Не одговарај на пораки кои те вознемируваат, те плашат и те прават да се
чувствуваш непријатно
6. Побарај помош од возрасните секогаш кога си вознемирен или не знаеш како
да постапиш
7. Не ги кажувај лозинките кои ги користиш на Интернет
Правила за културно и етичко однесување
на Интернет:
1. Не се обидувај да дознаеш и да злоупотребуваш туѓи податоци
2. Не се претставувај и не праќај пораки во туѓо име
3. Не навредувај и не се заканувај
ШТЕТНИ КОМПЈУТЕРСКИ ПРОГРАМИ
1. Штетни компјутерски програми се програми кои без
знаење и желба на корисникот се инсталираат на компјутерот и прават штета на
останатите програми.
2. Штетата може да биде:
- бришење податоци,
- полнење на компјутерската меморија,
- рестартирање на компјутерот,
- прикажување на пораки на екранот,
- неможност да се стартуваат оперативниот систем или програмите
- крадење на податоците (лозинки, броеви на кредитни картички и сл.)
- вируси,
- црви,
- тројански коњи и
- шпиони.
5. Штетни програми се пренесуваат преку:
- Интернет - симнување податоци и програми, отварање пораки и сл
- користење заразен мемориски уред како CD, DVD, USB стапче и др.
Интернет сервис - ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА - e mail
1. Електронска пошта е сeрвис на Интернет за примање и испраќање на електронски пораки.
2. Електронската
пошта се одвива преку имеил сервери.
3. Меил серверите имаат
свои веб страници.
Најпознати се:
-
YAHOO со веб
адреса mail.yahoo.com
-
GOOGLE со веб адреса mail.google.com
4. За да се
користи електронската пошта корисниците мора да имаат своја имеил адреса.
5. Имеил
адресата се состои од два
дела:
-
Корисничко име и
-
име на меил серверот одделени со знакот @.
6. Постапка за нова имеил адреса:
-
Се избира меил сервер,
-
се внесув во веб броузер неговата адреса,
-
се избира SIGN UP и
-
се пополнува формулар.
7. Електронското сандаче се состои од
неколку делови:
-
Inbox – за
примени пораки
-
Spam – за
непожелни пораки
-
Sent –
испратени пораки
-
Trash –
избришани пораки
8. На примена порака може да се
направи следното:
-
Reply
– одговор а испраќачот
-
Forward –
препраќање на пораката на други
-
report
spam – прогласување за непожелна
-
delete -
бришење
-
print –
печатење
9. За да
се напише и испрати нова порака
потребно е да се внесе:
-
меил адреса на примачот (една или
повеќе)
-
Име на пораката (наслов)
-
текст
-
по желба да се закачи фајл
Пријавите се на:
Постови (Atom)