6. 3. 2016.

ШТЕТНИ КОМПЈУТЕРСКИ ПРОГРАМИ


1. Штетни компјутерски програми се програми кои без знаење и желба на корисникот се инсталираат на компјутерот и прават штета на останатите програми.
2. Штетата може да биде:
  • бришење податоци,
  • полнење на компјутерската меморија,
  • рестартирање на компјутерот,
  • прикажување на пораки на екранот,
  • неможност да се стартуваат оперативниот систем или  програмите
  • крадење на податоците (лозинки, броеви на кредитни картички и сл.)
3. Видови штетни програми според начинот на кој се пренесуваат и активираат и штетата која ја прават се:
  • вируси,
  • црви, 
  • тројански коњи и
  • шпиони.
4. Од штетните програми компјутерот се штити со антивирусни програми кои редовно треба да се надополнуваат – апдејтираат со информации за најновите вируси.
5. Штетни програми се пренесуваат преку:
  • Интернет - симнување податоци и програми, отварање пораки и сл
  • користење заразен мемориски уред како CD, DVD, USB стапче и др.

Нема коментара:

Постави коментар