18. 9. 2015.

Правила за однесување во училницата по информатика

ПРИКАЗНАТА ЗА МАРКО
 
Марко е ученик во шесто одделение и во понеделник има трети час информатика.
Заедно со другарите доаѓа пред училницата по информатика. Иако учениците кои претходно имале час излегуваат од училницата тој се бутка на врата и влегува во училницата. При тоа му ја бутка јакната на некој ученик  кој излегува, а него некој го згазнува по нога. Марко е лут а и него му се лутат. Се слуша и по некој навредлив збор.
Во училница Марко трча до своето место за седење и при тоа бутка столче. Столчето паѓа на земја но Марко не ни помислува да го крене. Потоа Марко ги остава со фрлање ташната и останатите предмети на маса околу компјутерот, преку тастатурата, врз глувчето.
Седнува и дојадувајки ја ужинката почнува да отвара програми, фолдери, да ги разгледува, менува или брише иако не се негови и незнае кое е нивното значење.
На УСБ мемориско стапче од дома донел некоја интересна игричка и без да добие дозвола од наставникот се обидува да ја пресними на училишниот компјутер.
Трошки од храната паѓаат врз тастатурата, со измачканиот прст го допира екранот и на другарот до себе му покажува нешто на Интернет од недозволена страница за во училиште.
Симнува слика од Интернет која него нешто му значи и му се допаѓа и ја поставува како позадина.
За време на часот се расправа со другарчето со кое го користат заедно компјутерот затоа што само тој сака да работи, го врти мониторот накај себе и го влече глувчето.
Не е внимателен на часот и она што го работи на часот го снима било каде – на десктоп, во било кој фолдер и под било кое име. Кога наставникот сака да ја провери неговатат вежба Марко не успева да ја пронајде.
На крајот од часот веднаш станува без да ги затвори програмите со кои работел и без да се одјави или да го исклучи компјутерот и со трчање излегува од училница оставајки го столчето на среде пат.


ЗАДАЧА:
Прочитај ја приказната за Марко.
Во твојата тетратка нацртај табела со три колони.
Во првата колона запиши ги редните броеви, во втората подреди ги под редни броеви сите ситуации во кои Марко се однесувал неправилно.
Во третата колона запиши како би требало Марко да постапи.
Продолжи како што е покажано во табелата!
 
Р.бр
Како се однесува Марко
Како треба правилно да се однесуваме
1.
Се бутка на врата
Почекај да излезат учениците од претходното одделение
2.
Се расправа и навредува
Внимавај на другите и биди пристоен
3.

Нема коментара:

Постави коментар