05.02.2016.

WWW - World Wide Web сервис на Интернет

1.    WWW сервисот на Интернет им овозможува на корисниците поставување и разгледување на веб страници.
2. Веб страниците се поставени на компјутери поврзани на Интернет кои се викаат веб сервери.
3. Секоја веб страница поставена на некој веб сервер (со IP адреса) има своја единствена веб адреса или УРЛ.
4. За да може корисниците на Интернет да отвараат и разгледуваат веб страница поставена на некој сервер на својот компјутер треба да имаат програма веб прелистувач – веб броузер:

  • Internet Explorer, Firefox, Opera, Chrome, Safari
 За да може веб страницата да биде прикажана во веб броузерот, во полето за адреси треба да се внесе нејзината веб адреса.
6. Веб адресата се состои од делови меѓусебно одделени со точка, кои се викаат домени и кои имаат свое значење.
На пр.
http://www.myschool.edu.mk
  • mk е домен за кратенка за името на државата во која се наоѓа серверот на кој е веб страницата (it, bg, gr, co, ..)
  • edu е домен за тип на сајтот – образовен, бизнис, комерцијален, на некоја организација и сл. (gov, com, biz, net, org,..)
  • myschools е домен за име на сајтот (okaidi, terranova, gocedelcev,..)
  • www – домен за име на веб серверот на кој се чува веб страницата.
  • http е протокол (правило) според кој се разменуваат веб страници на Интернет
7. Веб страниците се обично дел од некој веб сајт.
8. Наставката на веб страниците е htm или html.
9. Веб сајт е група на веб страници кои се меѓусебно поврзани со линкови. Со кликање на линковите корисникот се движи низ веб страниците.
10. Линкови се означени текстови или слики од содржината на веб страницата кои во себе содржат адреси кои се активираат со лев клик.


02.02.2016.

ИНТЕРНЕТ


1.ИНТЕРНЕТ е најголемата WAN мрежа која ги поврзува меѓусебно компјутерите низ целиот свет.

2.Секој компјутер поврзан на Интернет има единствена IP адреса (слично на телефонсјки број во телефонската мрежа). На пр 192.168.0.10

3. Фирмите кои овозможуваат поврзување на компјутерите на Интернет се викаат  Интернет Сервис Проваjдери – ISP.
 (Telekom, Neotel, Telekabel, SunWireless, Blizoo )

4. Начини на Поврзување на Интернет:
- преку фиксна телефонија (пр.ADSL)
- преку мобилна телефонија (пр.3G,4G)
- преку кабел од кабелска телевизија
- преку оптички кабел
- преку сателитска антена
- безжично (пр.WiFi)

5.Услуги (сервиси) кои може да се користат на Интернет се:
-       Разгледување веб страници–WWW (World Wide Web)
-       Пребарување на веб страници (search ingine)
-       Разговор – Chat
-       Електронски писма – Email
-       Продавање и купување – E commerc
-       Плаќање сметкиE banking
-        
6. Компјутерите кои ги користат услугите на Интернет се викаат КЛИЕНТИ.
Компјутерите кои ги нудат сервисите на Интернет се викаат СЕРВЕРИ.