18.04.2016.

Компјутерска графика

Компјутерска графика

1. Сликите нацртани или обработени со помош на компјутерска програма се викаат компјутерка графика.
2. Компјутерската графика може да биде:
-       Битмапирана (сликата е мапа од обоени точки – пиксели)
-       Векторска (сликата се состои од нацртани линии – вектори)
3. Карактеристики на компјутерската графика
  • Битмапираните слики лесно се менуваат по изглед, а потешко им се менуваат димензиите – се заматуваат.
  • Векторските слики тешко се менуваат по изглед, а лесно им се менуваат димензиите.
4. Графичка резолуција е карактеристика на компјутерска слика и претставува број на точки вертикално и хоризонтално кои се потребни за сликата да се прикаже на екран.
На пр. 360х250, 1024х768

Задача:
Препознај ги и подвлечи ги наставките на графичките фајлови!
doc, bmpjpg, txt, mp3, gif

PAINT
1. Paint е компјутерска програма за изработка на битмапирана графика.

2. Означен дел од сликата се вика блок.
Деловите од сликата се означуваат со алатките за селектирање. (Нацртај ги)
Блокот може да биде со или без позадина.  (Во кое квадратче од палетата е бојата на позадината?) – долното

3. Активности со блокови:
Блоковите може да се бришат, преместуваат, отсекуваат, копираат и поставуваат и со нив може да се прават геометриски трансформации.

4. Геометриски трансформации со блокови се:
-       хоризонтално превртување
-       вертикално превртување
-       ротација за агол: 90, 180, 270

-       хоризонтално скратување и расширување
-       вертикално скратување и расширување
-       хоризонтално искосување за позитивен или негативен агол.
-       Вертикално искосување за позитивен или негативен агол

  
ПРАШАЊА

  1. Што е компјутерска графика?
  2. Кажи ги видовите компјутерска графика!
  3. За кој вид компјутерска графика е програмата Paint?
  4. Со која наставка најчесто се фајловите нацртани и сочувани во Paint?
  5. Кои се карактеристиките на векторска и битмапирана графика?
  6. Наброј алатки од Paint за работа со слободна рака!
  7. Што е блок во програмата за цртање?
  8. На кои два начина може да означиме блок во цртеж?
  9. Со кои активности и копчиња се изведува брзо копирање на блокови во програмата?
  10. Во кое квадратче од палетата со бои ја гледаме бојата на позадината на цртежот?
  11. Кое е значењето на наредбите New, Open, Save, Save As од менито File на програмата?
  12. Кои активности со блокови може да се изведуваат во програмата?
  13. Кои геометриски трансформации на блок може да се изведуваат во програмата?

Задача:
Препознај ги и напиши ги геометриските трансформации направени на првата куќа!




Напиши го значењето на наредбите од менито File на Paint:
-       New____________________________, Open______________________________
-       Save As__________________________, Save______________________________
-       Print____________________________, Exit________________________________