06.03.2016.

Безбедно, културно и етички на Интернет


Линк кон веб сајт за безбедно користење на Интернет:

http://bezbednonainternet.org.mk/content/view/188/63/lang,mk/


Правила за безбедно однесување на Интернет:
1. Не оставај лични податоци
2. Не прифаќај непознати за пријатели
3. Не им верувај на непознатите со кои разговараш на Интернет, не се сите луѓе на Интернет искрени и добронамерни
4. Не се сретнувај во “живо” со лица кои си ги запознал на Интернет
5. Не одговарај на пораки кои те вознемируваат, те плашат и те прават да се чувствуваш непријатно
6. Побарај помош од возрасните секогаш кога си вознемирен или не знаеш како да постапиш
7. Не ги кажувај лозинките кои ги користиш на Интернет


Правила за културно и етичко однесување на Интернет:
1. Не се обидувај да дознаеш и да злоупотребуваш туѓи податоци
2. Не се претставувај и не праќај пораки во туѓо име
3. Не навредувај и не се заканувај

ШТЕТНИ КОМПЈУТЕРСКИ ПРОГРАМИ


1. Штетни компјутерски програми се програми кои без знаење и желба на корисникот се инсталираат на компјутерот и прават штета на останатите програми.
2. Штетата може да биде:
  • бришење податоци,
  • полнење на компјутерската меморија,
  • рестартирање на компјутерот,
  • прикажување на пораки на екранот,
  • неможност да се стартуваат оперативниот систем или  програмите
  • крадење на податоците (лозинки, броеви на кредитни картички и сл.)
3. Видови штетни програми според начинот на кој се пренесуваат и активираат и штетата која ја прават се:
  • вируси,
  • црви, 
  • тројански коњи и
  • шпиони.
4. Од штетните програми компјутерот се штити со антивирусни програми кои редовно треба да се надополнуваат – апдејтираат со информации за најновите вируси.
5. Штетни програми се пренесуваат преку:
  • Интернет - симнување податоци и програми, отварање пораки и сл
  • користење заразен мемориски уред како CD, DVD, USB стапче и др.

Интернет сервис - ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА - e mail













1. Електронска пошта е сeрвис на Интернет за примање и испраќање на електронски пораки.
2. Електронската пошта се одвива преку имеил сервери.
3. Меил серверите имаат свои веб страници.
Најпознати се:
-        YAHOO со веб адреса mail.yahoo.com
-        GOOGLE  со веб адреса mail.google.com
4. За да се користи електронската пошта корисниците мора да имаат своја имеил адреса.
5. Имеил адресата се состои од два дела:
-        Корисничко име и
-        име на меил серверот одделени со знакот @.
На пр. maja@yahoo.com или maja@gmail.com
6. Постапка за нова имеил адреса:
-        Се избира меил сервер,
-        се внесув во веб броузер неговата адреса,
-        се избира SIGN UP и
-        се пополнува формулар.
7. Електронското сандаче се состои од неколку делови:
-        Inbox – за примени пораки
-        Spam – за непожелни пораки
-        Sent – испратени пораки
-        Trash – избришани пораки
8. На примена порака може да се направи следното:
-        Reply – одговор а испраќачот
-        Forward – препраќање на пораката на други
-        report spam – прогласување за непожелна
-        delete - бришење
-        print – печатење
9. За да се напише и испрати нова порака потребно е да се внесе:
-        меил адреса на примачот (една или повеќе)
-        Име на пораката (наслов)
-        текст

-        по желба да се закачи фајл

Интернет сервис за пребарување веб страници


Кога корисникот ја знае адресата на веб страницата ја пишува во полето за адреси во веб прелистувачот.
Ако корисникот бара веб страници на Интернет кои содржат податоци кои му се потребни но не ја знае адресата на тие веб страници тогаш треба да го користи сервисот на Интернет за пребарување.

1. Пребарувачи на Интернет се компјутери - сервери кои им овозможуваат на корисниците да пронајдат адреси на веб страници кои содржат информации кои им се потребни во вид на текст, слика, видео, мапа и др.
2. Овие сервери се викаат машини за пребарување (search engines).
3. До нив се пристапува преку веб страници преку кои се пребарува.
Најпознати се:
Google со веб страница со адреса www.google.com
Yahoo со веб страница со адреса search.yahoo.com
4. Постојат два начини на пребарување:
-      по област
-      по клучен збор
5. Области се: здравје, наука, спорт, образование и др.
6. Клучен збор се еден или повеќе зборови кои го опишуваат она што се бара (пр. мало шарено маче).
7.  Со клучен збор може да се пребарува по текст, слика, видео клип и др.
8. Како резултат од пребарувањето се добива листа на веб адреси која содржи:
- Име на страницата
- Адреса на страницата
-првите 2-3 реченици од страницата
- Големина на страницата или сликата во бајти