06.03.2016.

Интернет сервис за пребарување веб страници


Кога корисникот ја знае адресата на веб страницата ја пишува во полето за адреси во веб прелистувачот.
Ако корисникот бара веб страници на Интернет кои содржат податоци кои му се потребни но не ја знае адресата на тие веб страници тогаш треба да го користи сервисот на Интернет за пребарување.

1. Пребарувачи на Интернет се компјутери - сервери кои им овозможуваат на корисниците да пронајдат адреси на веб страници кои содржат информации кои им се потребни во вид на текст, слика, видео, мапа и др.
2. Овие сервери се викаат машини за пребарување (search engines).
3. До нив се пристапува преку веб страници преку кои се пребарува.
Најпознати се:
Google со веб страница со адреса www.google.com
Yahoo со веб страница со адреса search.yahoo.com
4. Постојат два начини на пребарување:
-      по област
-      по клучен збор
5. Области се: здравје, наука, спорт, образование и др.
6. Клучен збор се еден или повеќе зборови кои го опишуваат она што се бара (пр. мало шарено маче).
7.  Со клучен збор може да се пребарува по текст, слика, видео клип и др.
8. Како резултат од пребарувањето се добива листа на веб адреси која содржи:
- Име на страницата
- Адреса на страницата
-првите 2-3 реченици од страницата
- Големина на страницата или сликата во бајти

Нема коментара:

Постави коментар